Top Sport

Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕП

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот за златниот медал на 14 Европско првенство во ракомет. Начевски и Николов неколку години се меѓу елитните европски судии, а финалниот меч ќе биде круна на нивните досегашни кариери.

Начевски и Николов судеа во првата и во втората фаза на Европското првенство, беспрекорно си ја завршија работата поради што ЕХФ реши да ги делегира за судии во финалето.

Инаку на Европското првенство во ракомет вечерва ќе бидат познати финалистите и репрезентациите кои ќе се борат за бронзениот медал.

Од 18 часот во првото полу-финале ќе играат Хрватска и Норвешка, а во вториот полу-финален натпревар од 20.30 часот ќе играат Словенија и Шпанија.

Натпреварот за третото место на програмата е в сабота од 18.30 часот, а ќе го судат Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг.

Големото финале на програмата е в недела од 16.30 часот.

Scroll to Top