Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави интересно видео во кое се сместени најдобрите моменти во Лигата на шампионите, во изминатата сезона, која заврши со триумф на францускиот клуб Монпелје.
Вообичаено ваквите компилации на најдобрите потези не можат да минат без Кирил Лазаров, кој оваа сезона стана најдобриот стрелец во историјата на завршните турнири.
ЕХФ во видеото најде место и за сега веќе екс играчите на Вардар, Арпад Штербик и Хорхе Македа.