Top Sport

Наумче Мојсоски позитивен на Ковид-19

Наумче Мојсоски, првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, објави дека е позитивен на вирусот Ковид-19. Поранешниот ракометен репрезентативец, се на наоѓа во изолација, немал никакви симптоми и се чувствувал добро.

„Драги пријатели,

„Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно“, напиша на Фејсбук директорот на АМС.

Scroll to Top