Top Sport

„Не ни дозволија да играме, не третираа како животни“

Некои репрезентации извршиле силен притисок врз ИХФ, селекцијата на Зеленортските острови да биде исфрлена од 27 Светско првенство, тврди во интервју за „Ла Нуева кроника“, капитенот на оваа репрезентација Леандро Семедо.

Дебитантите на Мундијалите, во првото коло, одиграа одличен меч против фаворизираната Унгарија, загубија со 27:34, но пред вториот меч со Германија, имаа двајца позитивни на коронавирусот. Видејќи немаа десет играчи и еден голман, ИХФ, мечот го регистрира со службен резултат 10:0 за Германија, а пред мечот со Уругвај, Зеленортските острови беа дисквалификувани од СП.

„Не третираа како животни. Сите не гледаа како вирус во движење. Да им се случеше тоа на Германија или Шпанија, односот на ИХФ ќе беше поинаков“, рекол Семедо.

Ракометарот на Адемар Леон потоа открил неколку интересни детали од подготовиките во Португалија.

„Не знам дали на некого му се случило на подготовките да биде позитивен, потоа на следното тестирање да биде негативен и потоа по доаѓањето во Египет повторно да биде позитивен. Не сум доктор и не знам колку тестовите се веродостојни. Сметам дека многу работи не беа во ред. Знаевме дека мечот со Уругвај ни носи пласман во вториот круг, бевме подготвени да играме, да победиме, но тие ни забранија да играме. Добивме неофицијално објаснување, дека селекциите што требаа да играат против нас во втората рунда извршиле голем притисок врз ИХФ“, заклучил Семедо.

Scroll to Top