Top Sport

Левандовски го отпуштил менаџерот

Роберт Левандовски ја раскинал соработката со долгогодишниот менаџер Цезари Кухарски, тврди новинарот Матеуш Борек. Соработката на Левандовски со менаџерот Кухарски започнала во далечната 2007/2008 година, кога тогаш 19-годишниот напаѓач најавувал голема кариера во втората послак лига.

Откако ја започнал соработката со менаџерот Левандовски најпрвин се сели во Лех, потоа во Борусија Дортмунд, а сега е фудбалер на минхенски Баерн.

Новинарот кој ја објави информацијата тврди дека нов менаџер на левендовски ќе биде еден од најпознатите и најконтроверзни менаџерит во светот на фудбалот, Израелецот Пини Захави.

Во минатото Захави во Англија реализираше некои од најголемите трансфери како оние на Хуан Себастијан Верон, Ешли Кол, Рио Фердинанд, Јап Стам, Дидие Дрогба, Петр Чех…

Новинарот Борек шпекулира дека промената на менаџерот значи дека Левандовски во летниот преоден рок ќе го напушти Минхен.

Scroll to Top