Ракометарите на Вардар го остварија планот и го победија Татран Прешов со 29:24 во третото коло од СЕХА лигата. Тимот на Владо Недановски победи со пет гола разлика и сега има подобар меѓусебен скор во дуелите со словачкиот претставник.
Предводникот на „црвено-црните“ е задоволен од изданието што го прикажа Вардар.
„Ова беше сосема поинаков Вардар, како што и најавивме пред мечот со Татран. Имавме доволно време да се подготвиме, бевме фокусирани и успеавме да славиме важен триумф. Сѐ уште имаме повредени ракометари и штом и тие ќе влезат во ритам, мислам дека ќе бидеме уште подобри“, изјави Недановски по победата над Татран.