Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Лино Червар, не може да се помири со поразот во финалето на Европското првенство од Шпанија (20:22). Хрватска, ракометен гигант, во својата историја никогаш не освоила златен медал на континенталните првенства.
Финалниот меч во Стокхолм го судеа Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Една од клучните одлуки Начевски ја донесе во последната минута кога при резултат 20:21 на Карачиќ му досуди чекори.
Снимката покажува дека поранешниот играч на Вардар направи техничка грешка, а неколку дена по финалето Начевски изјавил дека бил 100 отсто сигурен дека хрватскиот ракометар направил шест чекори.
Siempre es buen momento para recordar cuando Igor Karacic decidió hacer el Camino de Santiago durante una final de un Europeo. pic.twitter.com/Pbphi3wavO
— Edu Agulló Canosa (@Eduagullo) January 27, 2020
„Неколку дена по финалниот меч му се јавија поранешни судии, едни од најпознатите судиски двојки во историјата на ракометот. Кај нив нема дилеми, ми кажаа: ‘Лино ве ограбија во финалето. Читавме дека сите ги фалат Начевски и Николов за судењето во финалето поради тоа решивме да ти се јавиме. Оштетени сте во најмалку десет ситуации против Шпанија. Во го украдоа златото“, рекол Червар за хрватските медиуми.
Имињата на судиите, како што рекол, во интерес на фер-плејот нема да ги открие.
Червар се потсетил и на некои поранешни финални натпревари каде како што вели Хрватска била оштетена.
„Моите играчи се херои!Ние сме морални победници. За ѓал ова не беше прво финале во кое сме оштетени. Кога ќе се сетам на 2008, 2009, 2010. Три години не крадеа во финалните натпревари. Па она минатата година на Светското првенство против Германија. Тогаш и судиите признаа дека не оштетиле. Жел ми е за играчите. Имаше многу солзи во соблекувалната по тој пораз“, рекол Червар и во свој стил го најавиву квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.
Од 17 до 19 април Хрватска, во Париз, ќе игра против Франција, Португалија и Тунис.
„Се плашам. Не ме плашат противниците туку се она што се случува. Се плашам дека по судењето што го имавме во финалето на Европското првенство да не бидеме оштетени од судиите и во тие квалификации за ОИ. Се плашам дека нема да го видиме Токио поради штетните судиски одлуки. Се надевам дека нема да биде така“, заклучил поранешниот тренер на Металург и ракометната репрезентација на Македонија.