Top Sport

Нексе првпат во историјата подобар од ППД Загреб во хрватското СЕХА-дерби (видео)

Ракометарите на Нексе од Нашице првпат во својата историја го победија хрватскиот ривал ППД Загреб, откако со 23:22 (13:9) беа подобри од тимот на Лино Червар во последниот меч од првото коло во СЕХА-лигата.

Домаќините водеа во текот на целиот меч, а на 15 минути пред крајот дури имаа шест гола предност (20:14). Тимот на Червар успеа да се доближи на само еден гол во 58. минута (22:21), но на крајот победата остана кај домаќините.

Томи Возаб со осум гола и Марин Шипиќ со шест беа најдобри кај Нексе, додека за „плинарите“ најдобри беа Златко Хорват со 9 гола и Дамир Бичаниќ со шест.

Scroll to Top