Top Sport

Нема крај на француските проблеми – Пранди избоден со нож во новогодишната ноќ

Француската ракометна репрезентација, во пресрет на Европското првенство, се соочи со уште еден проблем. Откако претпладнево, од списокот на селекторот Гијом Жил, поради повреда отпадна клучниот дефанзивец, Лука Карабатиќ, тој доби информација дека нема да може да смета и на Елохим Пранди.

Ракометарот на ПСЖ, во новогодишната ноќ бил избоден со нож. Клубот објави дека тој е во болница под постојан лекарски надзор, но дека не е во животна опасност.

Претходно поради повреда од спискот отпадна и соиграчот на Карабатиќ и Пранди, Недим Ремили.

Дополнителен проблем за Жил претставува и коронавирусот. Осим ракометари се во изолација и ќе го пропуштат вториот дел од подготовките.

Франција на ЕП во Словачка и Унгарија се наоѓа во група со рбија, Хрватска и Украина.

Scroll to Top