Top Sport

Нема прва шпанска победа за Вардар (видео)

Победничката низа на европскиот шампион во ракомет, Вардар заврши во Каталонија, откако Барселона со 29:28 го совлада македонскиот тим во дербито на групата А во Лигата на шампионите.

Вардар досега немаше победа на шпанско тло во ниту едно европско натпреварување, и за тоа ќе почека и покрај емотивното враќање на Арпад Штербик и Жоан Кањелјас против своите колеги од тимот на европскиот шампион Шпанија, Варгас, Морос, Ривера, Ентрериос и Арино.

Ова е „слатка“ одмазда на Каталонците за поразот во Скопје од 27:24, и со победата тие се доближија на четири поени до Вардар, кои остануваат убедливи лидери во групата А. Сепак, второто полувреме му припадна на мотивираниот домаќин, кој направи разлика од три-четири гола, која во финишот беше намалена на само еден гол, но ниту Раул Гонзалес не успеа да ја скрши „шпанската клетва“ на македонскиот шампион.

Криштопанс имаше 7 гола и беше најефикасен за нашиот тим, додека Лука Циндриќ додаде 6 гола. Штербик на крајот собра 14 одбрани.

Scroll to Top