Претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ), Хасан Мустафа (77), со својот говор, предизвика скандал на затворањето на Мундијалот.
Светското првенство во женска конкуренција заврши со победа на Норвешка, второто место им припадна на Французинките, а бронзата ја освои Данска.
Во својот говор, Мустафа се обиде на трите селекции да им го честита успехот, но не го знаеше точниот редослед. Погоди дека Норвешка е златна, но им го замени местата на Франција и Данска, поради што беше исвиркан.
Мусрафа на крајот не најде простор во својот говор да се извини за лапсусот.