Top Sport

Клоп е загрижен: Короната ни зададе тежок удар

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, оценил дека „невозможно“ е да продолжи Премиер лигата, според предвидениот распоред. Поради големиот број на заразени со коронавирусот, викендов не се одиграа шест натпревари.

„Скај спорт“, објави дека во текот на денот Премиер лигата ќе одржи состанок со претставници на клубовите. Според планот натпреварите во Премиер лигата ќе се играат на 26, 27, 28, 29 и 30 декември.

„Играме во среда, во недела и во вторник. Тоа е невозможно, немаме играчи. Може да се случи да имаме уште неколку позитивни, а тоа значи дека играчите ќе мора да бидат во карантин. Да играме на 26., па потоа на 28.декември е невозможно. Ние сакаме да играме, но ќе ни биде неопходна помош околу распоредот. Треба да разговараме дали можеме да продолжиме или не. Доколку продолжуваме со лигата, тогаш тоа не може да биде според планираното. Ако треба да правиме пауза тоа е во ред. Пред короната говореа дека распоредот е пренатрупан. Сега короната ни зададе тежок удар и ни кажа дека не можеме да продолжиме на овој начин“, рекол Клоп.

Scroll to Top