Top Sport

Невозможна мисија – ја добивме Франција како противник за баражот за СП!

Ракометната репрезентација на Македонија има невозможен предизвик пред себе – во ждрепката за Светското првенство во 2021 година ни се падна еден од најтешките противници, поранешниот олимписки и светски шампион Франција.

Светското првенство во 2021 година ќе се оддржи во Египет од 15 до 31 јануари 2021 година, а баражот се игра од 5-7 јуни, а реваншот четири дена подоцна.

Франција е двократен олимписки шампион (2008, 2012), шесткратен светски шампион (1995, 2001, 2009, 2011, 2015, 2017) и трикратен европски шампион (2006, 2010, 2014).

БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП

Македонија – Франција

Израел/Летонија – Португалија

Швајцарија – Исланд

Чешка – Црна Гора

Шведска – Турција/Русија

Словенија – Србија

Романија/БиХ – Унгарија

Украина – Германија

Полска/Литванија – Белорусија

Австрија – Холандија

Scroll to Top