Top Sport

Николиќ ќе ја зголеми српската колонија во Вардар 1961

Ракометниот клуб Варадар 1961 полека го формира тимот за новата сезона. Нов играч на црвено-црните ќе стане Матија Николиќ. Овој 22. годишен ракометар ги покрива позиците лев и среден бек. Минатата сезона играше во Словенија, во екипата Урбанскапе Лока.

Николиќ решил да ја прифати понудата од Скопје и покрај тоа за него интерес покажале најдобрите клубови во Словенија Целје, Горење и Тримо Требње, шампионот на Србија Војводина и швајцарски Сент Гален.

Николиќ во Вардар 1961 ќе го пречекаат неговите сонародници Дарко Ѓукиќ, Стефан Петриќ и Марко Срдановиќ. На мета на црвено-црните е и искусниот Немања Зеленовиќ.

Покрај тројцата Николиќ, Петриќ и Срдановиќ во редовите на скопскиот тим дојдоа Нилтон Мело, Ансер Родригез и Јапонецот Косуке Јасухира. Тројца од најдобрите играчи го напуштија клубот македонскиот репрезентативец Филип Талески (Бенфика), Полјакот Јан Чувара и Кубанецот Куни Моралес (Загреб).

Scroll to Top