Ракометната репрезентација на Норвешка е на чекор до пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако во скандинавското ерби со 23:20 ја совлада Шведска за да се одвои на првото место во групата 2 по три меча.
Норвежаните од стартот покажаа дека одат на победа, поведувајќи со 5:2 по десет минути игра и заминувајќи на пауза со пристојни четири гола предност (12:8). Во второто полувреме, Норвежаните повторно не дозволија „трите круни“ да се доближат резултатски за конечна 23:20 победа. Сагосен беше лидер на Норвежаните со осум голови, додека Пелас и Толбринг имаа по три гола за Шведска.
По комплетното коло, Норвежаните се први со шест поени, Унгарците и Словенците имаат по четири, Исланд и Португалија по два, а Швеѓаните се веќе „отпишани“.
ЕП РАКОМЕТ 2020, ГЛАВНА ФАЗА
ГРУПА 2
Португалија – Исланд 25:28 (12:14)
Словенија – Унгарија 28:29 (16:13)
Норвешка – Шведска 23:20 (12:8)
Табела: 1.Норвешка 6, 2.Унгарија 4, 3.Словенија 4, 4.Исланд 2, 5.Португалија 2, 5.Шведска 0
Watch the Game Highlights from Norway vs. Sweden, 01/19/2020 pic.twitter.com/PZ1ghUCH7G
— EHF EURO (@EHFEURO) January 19, 2020
Is Petter Overby playing beach handball? ??️@NORhandball ??#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/vWUKmjaIml
— EHF EURO (@EHFEURO) January 19, 2020
?@SanderSagosen hits his 100th goal to head @NORhandball's ?? top EHF EURO scorers list ?#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/x9HTtNnQTM
— EHF EURO (@EHFEURO) January 19, 2020