Top Sport

Норвешка се откажа од организацијата на турнирот за пласман на ОИ во Токио

Норвешка се откажа од организацијата на квалификацискиот турнир за пласман на ракометниот турнир, на Олимписките игри во Токио. Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) нема многу време да најде нов организатор.

Норвешка, во Трондхајм, од 12. до 14.март требаше да ги пречека Бразил, Чиле и Јужна Кореја, меѓутоа поради строгите епидемиолошки мерки, за заштита од коронавирусот, националниот Сојуз се откажа од организацијата на турнирот.

Во истиот термин ќе се играат уште два турнири, во Германија и Франција.

Во Берлин за пласман на ОИ ќе се борат Германија, Словенија, Шведска и Алжир, додека покрај Франција, на турнирот во Монпеље ќе настапат Хрватска, Португалија и Тунис.

Scroll to Top