Норвежанките едно полувреме ја бркаа предноста на Данска, за на крајот да стигнат до 27:23 (10:13) победа над скандинавските ривалки и да се пласираат во финалето на Европското првенство во ракомет, каде што ќе се судрат со Франција, додека за Данките останува борбата за бронзениот медал против Хрватска.
Предводени од одличната Сандра Тофт на голот, Данките имаа предност од три гола на полувреме (13:10), додека Норвешка во живот ја оддржуваше само Нора Мерк, која во 20 минути беше единствена која постигна гол за својата репрезентација. Сепак, Норвежанките во второто полуврмее покажаа зошто се уште непоразени на шампионатот, правејќи неверојатен камбек за на крајот да имаат убедлива победа.
Мерк на крајот заврши со шест гола за Норвешка, четири додаде Стине Офтедал, додека кај Данките Миа Бидструп беше најефикасна со седум гола.
WATCH: Mia Rej shining for @dhf_haandbold ??!#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/xxSo0XvaHE
— EHF EURO (@EHFEURO) December 18, 2020
WATCH: 103 km/h from @KristiansenV @NORhandball ??
??#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/OQaBcAbEPK— EHF EURO (@EHFEURO) December 18, 2020
WATCH: ? @katrinelundenor! @NORhandball ??#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/0UEOrjxQ1Y
— EHF EURO (@EHFEURO) December 18, 2020