Актуелните светски шампионки, Холанѓанките не успеаја да влезат во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет во Шпанија, откако во одлучувачкиот последен меч од втората фаза загубија со 37:34 од актуелните европски шампионки, Норвешка.
Доколку мечот завршеше нерешено со многу постигнати голови, ќе „извисеа“ Швеѓанките, кои претходно со 34:30 ја победија Романија. Шведска одигра 31:31 со Холандија, додека со Норвешка имаа 30:30 реми. Реистад имаше 10 гола за Норвешка, Нора Морк додаде осум, додека Хушер имаше 10 гола за Холандија.
Норвежанките сега ќе играат во четврт-финалето против Русија, откако тие загубија со 33:28 од олимписките шампионки Французинките, кои сега ќе играат со Шведска
СП ШПАНИЈА 2021
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Франција – Шведска
Данска – Бразил
Норвешка – Русија
Шпанија – Германија
ГРУПА 1
Полска – Црна Гора 33:28 (16:9)
Србија – Словенија 31:25 (19:14)
Русија – Франција 28:33 (12:17)
ГРУПА 2
Порторико – Казахстан 30:27 (13:11)
Шведска – Романија 34:30 (19:14)
Холандија – Норвешка 34:37 (17:17)