Женската ракометна репрезентација на Норвешка се пласира во финалето на 23. Светско првенство, откако во полу-финалето убедливо ја победи Холандија 32:23 (17:10).
Бранителките на светската титула, како и во четврт-финалето против Русија (34:17), одново ја демонстрираа својата моќ, не дозволувајќи им на Холанѓанките во ниту еден момент да им ја оспорат победата.
До триумфот Норвешка ја предводеа Нора Морк со осум и Стине Бредал Офтедал со шест гол.
Норвежанките во финалето ќе играат против победникот од полу-финалето во кое ќе играат Шведска и Франција.