Македонскиот ракомет доби нов клуб. Нов член на Првата лига е РК Алкалоид. Во овој нов ракометен субјект силите ги здружија селекторот и капитен на македонската репрезентација Кирил Лазаров, кој стои зад брендот КЛ7 и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
Целта на овој проект е создавање на база на млади ракометари, кои во иднина би можеле да станат репрезентативци на Македонија.
„Овој проект е за доброто на Македонија“, вели Лазаров и дополнува.
„Треба да создадеме база на ракометари. Во светот постојат многу вакви проекти, ние ќе пробаме да го пресликаме тој модел на функционирање. Иако нашата држава е мала, сепак мислам дека вакви проекти се важни. Сметам дека ќе изградиме добри спортисти кои ќе ѝ помогнат на Македонија во следните 10-15 години. Со овој проект на младите ракометари ќе им овозможиме квалитетен стручен кадар, тие ќе можат да тренираат и да се едуцираат со квалитетни методи на работа“.
„Целта е тимот да се натпреварува во Првата лига. Компанијата нема да престанеме и со поддршката за Ракометната федерација. Сакаме да создадеме квалитетна база и конечно Македонија да освои медал на ЕП или СП“, порача Мукаетов.