Top Sport

Нов шок за француските ракометари – Загубија и од Норвешка

Француските ракометари, едни од главните фаворити за златото на ОИ, доживеаја уште еден пораз во групата. По дебаклот против Данска (29:37), Фрнцузите загубија и од Нпрвашка (22:27).

Катастрофално прво полувреме одиграа Французите. По почетните 2:2 им дозволија на Норвежаните да се одлепат на 2:6. Имаше Норвешка водство и од 8:15, но до крајот на полувремето Французите намалија на 11:15.

Се обидоа во вториот дел Французите да ја анулираат предноста на притивникот не межоѓа да се доближат на помалку од три гола.

Блонц ја предводеше Норвешка до втората победа со шест гола, додека Грендал и Лисе застанаа на пет гола.

Во француската репрезентација Дика Мем постигна дури десет гола, но ја немаше поддршката од соиграчите.

Scroll to Top