Вардар со 27:22 (13:12) го совлада Охрид во последниот меч од вториот натпреварувачки ден на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Охрид успеа да биде рамноправен противник само во првото полувреме, пред „црвено-црните“ да го направат потребното на почетокот на второто полувреме, кога направија предност од 17:12, која подоцна ја оддржуваа до крајот на мечот.
Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен на мечот, додека Гоце Георгиевски и Филип Талевски постигнаа по три гола. Своите први голови за „црвено-црните“ ги постигнаа и новите засилувања Анте Гаџа, Јосип Векиќ и Патрик Валчак.
МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР – СТРУГА, 2.ДЕН
Бутел – Еурофарм Пелистер 2 21:17 (11:6)
Металург – Прилеп 33:24 (13:11)
Вардар 1961 – Охрид 27:22 (13:12)
Фото: РК Вардар 1961