Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија Ивица Обрван е еден од тројцата кандидати за испрезнетото тренерско место во ППД Загреб. Клубот остана без тренер откако Веселин Вујовиќ од лични причини поднесе оставка.
Ивица Обрван во кариерата бил и играч и тренер на Загреб. Како играч за овој клуб настапувал од 1988 до 1996 година, а тренер бил од 2010 до 2012 година.
По заминувањето од Загреб тој три години (2013-2016) беше селектор на Македонија. Последниот тренерски ангажман го имал во Шамбери, Франција.
Спортскиот директор на ППД Загреб, Божидар Јовиќ, открил дека останатите двајца кандидати се Ирфан Смајлагиќ и Ненад Кљаиќ