Top Sport

Очекувани промени во Битола – Бранко Ангеловски в.д тренер на Еурофарм Пелистер

Шампионот на Македонија, Еурфарм Пелистер ќе добие нов тренер, откако двоецот Звонко Шундовски-Александар Јовиќ го напуштија клубот по серијата на лоши резултати. „Зелените“ се уште се без победа во Лигата на шампионите, а „капката која ја прели чашата“, беше неуспехот против Вардар 1961.

Вчера, Пелистер го доби дербито против црвено-црните, но со недоволна разлика. Поради подобриот меѓусебен скор, Вардар 1961 остана лидер на табелата

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека досегашниот тим менаџер на екипата г-дин Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб. Управата на клубот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата и г-дин Александар Јовиќ. Во наредните натпревари до донесување на конечна одлука околу изборот на тренер, екипата ќе ја води г-дин Бранко Ангеловски. Во оваа прилика РК Еурофарм Пелистер упатува огромна благодарност до г-дин Звонко Шундовски и г-дин Александар Јовиќ за целиот нивен досегашен допринос за клубот. Под водство на Јовиќ и Шундовски нашиот клуб ја освои титулата во сезоната 2022/23“.

Дебито на клупата на Еурофарм Пелистер, Ангеловски ќе го има утре, кога во Битола ќе гостува европскиот вице-рвак Кјелце.

Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister

Scroll to Top