Арбитражниот суд ги одби жалбите на Русија и на ЦСКА Москва и ја потврди одлуката на Европската ракометна федерација за суспензија и на руските национални тимови и на клубовите од сите активности.
Во образложението за одлуката се потенцира дека причините за суспензијата се многу поважни од континуираното учество на Русија и на руските тимови во натпреварувањата на ЕХФ.
Се потенцира и дека состојбата со украинско-рускиот конфликт не е подобрена, туку напротив е влошена во однос на моментот на носење на првостепената одлука и затоа сите руски претставници остануваат суспендирани.