Top Sport

Гвардиола: Ако ја освоевме Лигата на шампионите, ќе речеа дека тоа е поради огромните пари што ги вложи Сити

Зад Пеп Гвардиола и Манчестер Сити е исклучително тешка седмица. Во полуфиналето од Лигата на шампионите имаа два гола предност до судиското продолжение на „Сантијаго Бернабеу“, а тогаш Реал за две минути постигна два гола и го урна нивниот сон за ново финале.

„Граѓаните“ немаат многу време за жалење бидејќи в недела веќе играат против Њукасл во 36. коло од Премиерлигата и треба да ја одбранат бодовната предност што ја имаат пред Ливерпул.

„Фокусот е сè уште ист бидејќи финалето на Лигата на шампионите се игра кога ќе заврши првенството. Натпреварот против Лидс беше многу тежок и знаевме дека тоа е нашето прво од четирите финалиња. Искрено, не размислувам за титулата. Размислувам за Њукасл, фокусиран сум на нивниот тим и тренерот Еди Хау. Кевин де Брујн? Тој ќе биде подготвен, го повлеков во Мадрид поради тактички причини“, изјави Гвардиола.

Тој го коментираше имиџот на својот клуб од интересен гол. Тврди дека Манчестер Сити не е доволно ценет.

„Да ја освоевме Лигата на шампионите, сите ќе кажеа дека тоа е поради парите што ги потрошивме, а не поради напорната работа што ја вложуваме. Мислам дека несме доволно ценети во јавноста. Но, без оглед на се, одиме понатаму и нашата цел е да бидеме шампиони на Англија“, потенцира Гвардиола.

Scroll to Top