Top Sport

Одбраната на Кизиќ е најдобра во ова коло (Видео)

Голманот-тинејџер на Вардар, Марко Кизиќ, ја има најдобрата одбрана во шестото коло во Лигата на шампионите. Вардар вчера го совлада Мешков Брест 36:31 и ја прекина низата од два порази.

Кизиќ на голот на Вардар мина 15 минути. Во тој период 18 годишникот забележа пет одбрани, а една од нив ги импресионираше и луѓето од ЕХФ ТВ.

Најдобрите пет одбрани во ова коло можете да ги погледнете тука.

фото/ rkvardar.com

Scroll to Top