Top Sport

Одложен е натпреварот Фленсбург-Вардар 1961

Поради одлуката на германските власти, а која е поврзана со корона-протоколите, одложен е натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Фленсбург и Вардар.

„Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во “црвена зона” германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот“, стои во соопштението кое е објавено на интернет-страницата на РК Вардсар 1961.

Планирано беше натпреварот со Флензбург да се одигра на 11 февруари во 18,45 часот во Германија.

За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.

Scroll to Top