Охрид, сосема, очекувано стигна до лесна 28:19 победа над Пролет, додека Тиквеш со 25:20 беше подобар од вториот тим на Еурофарм Пелистер во последните два меча од 12. коло во плејофот во македонската Суперлига.
Пролет успеа да одржи рамнотежа само на почетокот на мечот, но по одличната серија на стартот на второто полувреме од 5-0, Охрид поведе со 16:8 и потоа рутински стигна до победата.
Тиквеш, пак, предводени од деветте гола на Стефановиќ, стигна до победа во Битола, за да останат на четвртото место во Суперелигата, со кое одат во Европа, додека Охрид заостанува два поени зад нив.
Фото: ГРК Охрид