Top Sport

Охрид зачекори во четвртфиналето на Европскиот куп

Ракометарите на Охрид славеа со 30:21, против Дукла, во првиот осминафинален натпревар во Европскиот куп.

Охриѓани беа фаворити пред натпреварот на домашен терен и таа улога во целост ја оправдаа. Во која насока ќе се движи натпреварот беше јасно по воведните минути кога Охрид поведе со 6:0.
На полувреме екипата од Охрид имаше водство од 16:9.

Во вториот дел Охрид продолжи да го гази противникот, имаа домаќините големи 13 голови предност, потоа попуштија во финишот и дозволија на Дукла со четири гола да го затвори натпреварот.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Дарко Ѓукиќ со осум погодоци, гол помалку постигна Анте Иванковиќ.
Реванш се игра за една недела во Прага.

Фото/ Охридњуз, А.Момироска

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');