Top Sport

Откако ги одбил Писонеро Вардар го ангажирале Алушовски

Вардар пред да го назначат Стевче Алошовски за први тренер му понудиле на Давид Писонеро да се врати на клупата на европскиот првак. Шпанецот беше деградиран од прв тренер во помошник во октомври минатата година, по катастрофалниот пораз од Кил во Скопје.

Давид Писонеро го наследи на клупата на Вардар сонародникот Гарсија Парондо кој на црвено-црните им ја донесе втората шампионска титула во Лигата на шампионите.

Вардар под палката на Писонеро добро ја започна сезоната во Лигата на шампионите, но кадровските проблеми подоцна со го направија своето, црвено-црните влегоа во лоша серија, а цехот го плати тренерот.

За вршител на должноста клубот го назначи спортскиот директор Едуард Кокшаров, а на Писонеро му беше понудено да остане во Скопје како асистент.

Писонеро за „Диарио де Валјадолид“ открил дека во последните денови од 2019 година клубот му понудил повторно да биде прв тренер. Шпанецот ја одбил понудата.

„Ми предложија повторно да бидам прв тренер. Ми рекоа дека избрзале, јас тогаш веднаш го прекинав разговорот. Вардар веќе направија чекор наназад, ги одбив, нема смисла да се враќам. Ако морам да се вратам ќе го направам тоа бидејќи имам договор, но мојата идеја е да го раскина договорот“, рекол Писонеро.

Шпанскиот тренер се надевал дека нема да треба да се врати во Скопје на 8 јануари.

„Јас ја менаџирам ситуацијата, таа е веќе решена. Не се враќам назад во Македонија“, заклучил Писонеро.

Тој открил дека веќе добил неколку понуди за работа, но ќе ги разгледувал само понудите од Шпанија.

фото/lequipe.fr

Scroll to Top