Top Sport

Палмарсон ќе го пропушти Мундијалот во Египет

Исланд на Светскоот првенство во Египет ќе биде без својот најдобар играч, Арон Палмарсон.

Палмарсон, минатата недела, на завршниот турнир во Лигата на шампионите, играше со повреда на коленото. Капитенот на Исланд, во дулите со ПСЖ и Кил ја влошил повредата.

Лекарите во националниот тим на Исланд констатирале дека Палмарсон ќе мора да мирува најмалку еден месец. Селекторот на Исланд, Гудмундор Гудмунсон, нема да повикува нов играч, како замена за повредениот Палмарсон.

Исланд, на СП во Египет, се наоѓа во група со Португалија, Алжир и Мароко. Прет настапот на Мундијалот, Исланѓаните, на 6. и 10.јануари, ќе одиграат два натпревари против Португалија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Scroll to Top