Top Sport

Парондо повеќе не е селектор на Египет

Поранешниот тренер на Вардар и македонската репрезентација, Роберто Гарсија Парондо повеќе не е селектор на Египет. Најдобрата африканска репрезентација го освои седмото место на Светското првенство кое во неделата заврши во Шведска и Полска.

Ракометниот сојуз на Египет настапот на Светското првенство го оцени како неуспешен, бидејќи на претходниот Мундијал и на Олимписките игри, Египет играше во полуфиналето. Исто така во Сојузт биле незадоволни што Парондо не сакал да се откаже од тренерската работа. Шпанецот е тренер на Мелсунген и неодамна го продолжи договорот со овој клуб до 2025 година.

„Неговиот договор заврши со Светското првенство. Нема да му понудиме нов. Минатата година сакавме тренерот целосно да се концентрира на репрезентацијата, но тој инсистираше и понатаму да биде тренер на германскиот клуб Мелсунген. За жал, тој го обнови договорот со нив до 2025 година, на само три недели пред почетокот на првенството. Целта ни беше да завршиме меѓу четирите најдобри репрезентации на СП. Тоа што сакаме да го постигнеме нема да ни успее доколку немаме тренер кој е таму со полно работно време. Бараме нов странски тренер “, дополни Салах.

Scroll to Top