Top Sport

Партизан и АЕК ќе играат на неутрален терен

Ракометниот натпревар меѓу Партизан и грчки АЕК во рамките на четвртфиналето на Купот на ЕХФ е одложен поради инциденти во салата Бањица.

По тој повод 24 часа подоцна се огласи и Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Според соопштението на Европската ракометна федерација, реваншот ќе се игра, но на неутрален терен.

„ЕХФ во понеделник одлучи да го премести натпреварот на неутрален терен, ниту во Србија, ниту во Грција. Точната локација и време ќе бидат објавени во догледно време. Со оглед на се она што се случуваше во недела навечер, ЕХФ размислува натпреварот да се одигра без публика. Сепак, ќе биде покрената правна постапка за се она пто се случи во салата на Бањица“, се вели во соопштението.

Натпреварот требаше да започне во 18 часот во салата Бањица, но навивачите на Партизан фрлија неколку топовски удари на теренот, поради што реваншот не започна навреме, а потоа се претвори во двочасовно чекање, откако играчите на АЕК одбија да излезат на теренот.

Ракометарите на Партизан ги молеа своите симпатизери да се вратат во спортските рамки на навивање, но тоа не се случи.

На првиот натпревар во Атина, исто така во многу тензична атмосфера, АЕК го совлада Партизан со резултат 27:22.

Scroll to Top