Еурофарм Пелистер стигна до 27:26 (15:12) победа над швајцарскиот Кадетен во осмото коло на Европската лига на ЕХФ за да се зацврсти на второто место на табелата во групата Д во второто по ранг европско натпреварување зад францускиот Ним.
По израмнетиот старт на натпреварот, Кадетен поведе со 4:6, пред тимот на Жељко Бабиќ веднаш се врати во игра и поведе со 10:8, за на полувреме да се отиде со три гола предност (15:12). Гостите успеаја да израмнат на 17:17 на стартот на второто полувреме, но потоа Пелистер ја направи клучната предност од 4 гола разлика, пред во последната минута швајцарскиот клуб да дојде на гол разлика, пред Јосип Периќ да го постигне победничкиот гол.
Периќ заврши со седум гола за Пелистер, додека Табоада и Мандалиниќ уфрлија по пет за Пелистер, додека Самуел Цендер со 7 гола беше најдобар за клубот од Шафхаузен.
Фото: РК Еурофарм Пелистер