Top Sport

Пелистер го совлада Вардар, но „црвено-црните“ поблиску до титулата

Еурофарм Пелистер стигна до импресивна 29:25 победа над лутиот ривал Вардар 1961, но тоа најверојатно нема да биде доволно за титула, доколку шампионот не потфрли во финишот на првенството, откако сега се израмнети со 9-1 скор, но Вардар има подобра гол-разлика.

Пелистер имаше водство од три гола разлика (13:10), но на полувреме, Вардар намали на 13:12, а потоа имаше фантастична серија за водство од три гола разлика. Сепак, Пелистер успеа да направи пресврти со 7-0 серија да стигне до победата.

Периќ и Радовиќ со седум гола беа најдобри кај Пелистер, додека Дибиров со шест гола беше најефикасен кај шампионот.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Scroll to Top