Top Sport

Пелистер го врати Костески во Македонија

Еурофарм Пелистер го официјализираше и своето шесто засилување за новата ракометна сезона, откако од ППД Загреб го откупи договорот на младиот македонски репрезентативец, 19-годишниот Ненад Костески.

19-годишното десно крило стави потпис на тригодишен договор, откако претходно кариерата ја започна во Струга. По доведувањето на двајца млади ракометари, како Кукуловски и Танковски, битолскиот клуб ангажираше трето домашно засилување и наскоро ќе го претстави пред јавноста.

Стружанецот ќе се јави на прозивката на Жељко Бабиќ на 27 јули.

Еурофарм Пелистер претходно се засили со Танкоски, Периќ, Мараш, Мандалиниќ, Кушан. Договорите се продолжени со Трајкоски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Scroll to Top