Ракометарите на Пелистер го освоија првиот бод, во Европската лига. Вечерва во Гдањск одиграа 31:31 (16:17).
Екипата на Лино Червар одигра одлични 40 минути, но поткелкна во финишот. По миниланото водство на полувремето, во вториот дел, во 41-та минута Пелистер ја достигна највисоката предност (24:20).
Последните 10 минути беа исклучително содржајни. Пелистер пропушти шанса да ја обезбеди победата, потоа откако Гдањск изедначи на 31:31, лошо го одиграа битолските ракометари, на крајот не беа казнети, бидејќи и домаќините не го искористија својот последен напад.
Капитенот Кузмановски, откако не постигна ниту еден гол против Ла Риоха, во Гдањск постигна 15 голови, го следеше Нтанзи со седум гола.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
