Top Sport

Пелистер со одмазда против Војводина

По двата незгодни порази против Војводина и Нексе на гости, Еурофарм Пелистер стигна до одмазничка 30:25 (14:12) победа над Војводина во третото коло во регионалната СЕХА-лига.

Пелистер загуби на гостувањето во Нови Сад со високи 29:24, но пред домашна публика не му дозволи на актуелниот српски шампион да направи изненадување, во меч во кој водеа од почеток до крај.

Каспер Кисум беше убедливо најефикасен кај Пелистер со 9 постигнати голови, додека Вилсон Давајес додаде седум гола. За Војводина Никола Ковачевиќ постигна седум гола.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');