Top Sport

Пелистер со слатка победа над Металопластика на отварањето на СЕХА лигата

Еурофарм Пелистер со победа ги стартуваше натпреварувањата во СЕХА лигата, откако се врати по лошото прво полувреме за 30:26 победа над стариот познаник, лидерот во српската лига, Металопластика од Шабац.

По израмнетите први 20 минути, Металопласика во финишот на полувремето направи предност од два гола (12:14), пред предводени од Стипе Мандалиниќ и Мартин Велковски, македонскиот клуб да ја надополни разликата на стартот на полувремето и потоа да стигне до победа.

Јосип Периќ заврши со 8 гола за Пелистер, Мандалиниќ имаше 6, а Невен Стјепановиќ 5, додека за Металопластика најефикасен беше Дејан Бабиќ со 7 гола.

Scroll to Top