Еурофарм Пелистер стигна до првиот поен во новата сезона од Европската лига на ЕХФ, откако по катастрофалното прво полувреме се вратија и во последната секунда обезбедија 28:28 реми кај Кадетен Шафхаузен.
Првото полувреме им припадна на домаќините кои лесно стигнаа до 16:11 предност, но во второто полувреме, македонскиот клуб полека се враќаше во игра, за да добие шанса во последниот напад да стигне до реми, кое го обезбеди Јосип Периќ.
Ова беше шести гол за Периќ, со што беше најефикасен за Пелистер, додека за Кадетен најефикасен беше Самуел Цендер со осум гола.
Фото: РК Пелистер
Kadetten Schaffhausen 28-28 RK Eurofarm Pelister
Crazy comeback by the Macedonians. Down 20-12. Gamewinning buzzerbeater by Peric.#handball pic.twitter.com/nYZ5SYGPks
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) October 26, 2021