Top Sport

Пенал-драма во Диселдорф – Кил го освои Суперкупот

Ракометарите на Кил го освоија германскиот Суперкуп, откако во Дизелдорф го совладаа Рајн Некар Левен по подоброто изведување пенали со 37:36.

Во фантастичен натпревар во Дизелдорф, најтрофејниот германски клуб, во трилер завршница избегна пораз, а потоа го доби пенал-рулето. Апсолутен херој на Кил е голманот Томаж Мрква.

Кил тргна подобро, имаше четири гола предност. Но, потоа во серија влезе голманот на Рајн Некар, Давид Шпет. До полувремето Рајн-Некар целосно резултатски се врати во мечот (16:16).

Во вториот дел ниту една екипа не успеа да се одвои. Се до последните две минути, кога Рајн Некар Левен отиде на +2. Се чинеше дека трофејот е ќе заврши кај нив. Посебно кога при водство од 33:32 вториот голман Бирлем му одбрани седмерец на Никлас Екберг.

На 15 секунди до крајот седмерец доби Рајн Некар, но Мрква го одбрани ударот на Јуриј Нор. Во последниот напад на Кил Екберг ја затресе мрежата од крило и избори седмерци за својот тим (33:33).

Веќе на стартот, Мрква третпат во низа одбрани удар на Нор. Сепак, во четвртата серија Рајн Некар Левен се врати откако промаши Билик. Но во петтата серија ударот на Ландерсен го одбрани Мрква, а Ерик Јохансон беше сигурен и му го донесе на Кил 13. трофеј во Суперкупот.

Винцек и Рајнкинд беа најефикасни кај победниците со по осум гола. На другата страна Колбахер и Грецки постигнаа по седум гола. Сепак, главните улоги им припаднаа на голманите – Мрква со 18 и Шпет со 15 одбрани.

Scroll to Top