Top Sport

Пенал драма во Келн, Магдебург го елиминира европскиот првак

Магдебург ја елиминираше Барселона во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Драмата во Келн, Магдебург ја доби по избедувањето на пенали со 2:1, во регулрниот дел натпреварот заврши 31:31, а по продолженијата беше 38:38.

Барселона ја предаде титулата европски првак во пенал драмата, во која нејзините ракометари не искористија четири седмерци.

Претходно Барселона го доби првиот дел со 18:16. Во второто полувреме Магдебург успеа да се врати во мечот, но не и да ја сочува предноста.

Регуларниот дел од натпреварот го обележаа повредите на Мем и Гисли. Мем го повреди скочниот зглоб и тој се врати на теренот, одека Гисли се здоби со повреда на десното раме и тој веројатно нема да игра утре во финалето.

Во продолженијата Магдебург влезе со поголема енергија, блескаше Безјак, кој три од своите четири гола постигна во овој период. Сепак Барселона преку Нгесан успеада се врати и да избори седмерци.

Во пенал серијата, кај Барслеона погоди само првиот шутер, Абељо, останатите Ване, Ричардсон, Мем и Фабрегас промашија. Кај Магдебург не погодија Петерсон и Дамгард.

Смитс со 11 гола го предводеше Магдебург, го следеа Дамгард со осум, Гисли со пет и Безјак четири, а голманот Портнер мечот го заврши со девет интервенции. Кај Барселона најдобри беа Нгесан со девет, Абељо со седум и Фабрегас со шест гола, голманот Нилсон имаше 13 интервенции.

Магдебург за европската титула ќе се бори со победникот од дуелот помеѓу Кјелце и ПСЖ.

Scroll to Top