Хрватска во првиот натпревар на Европското првенство ја декласира Шпанија со 39:29.
Хрватите, одиграа совршен натпревар, особено тоа се однесува за нападот. Неверојатно звучи податоткот дека за 60 минути игра шпанските голмани имаа само една одбрана.
„Црвената фурија“ го доживеа најтешкиот пораз во историјата на континеталните шампионати.
Претходно, Франција два пати ја победувача шпанија со разлика од осум гола, во 1996 година (29:21) и 2002 година (31:23).
Ова е воедно и најтешкиот пораз на Шпанија од Светското првенство во 2009 година, кога Хрватска победи со 10 гола разлика (32:22).
Хрватска против Шпанија постигна 39 гола, што е најмногу постигнати голови на оваа репрезентација во историјата на европските првенства.
„Шпанците можеа да одиграат 8 на 6 и тоа сепак немаше да им помогне. Ова беше уметност во ракометот. Нивните голмани обично ја носат Шпанија, но ударите беа премногу добри и не можеа да направат ништо“, изјави селекторот Перковац. .
Следниот натпревар Хрватска го игра против Австрија во недела од 20:30 часот.