Прославениот ракометен ас, Ненад Перуничиќ, ја презеде репрезентацијата на Србија. Перуничиќ на кормилото го наследи Јовица Цветковиќ, кој имаше неуспешен настап на Европското првенство.
Перуничиќ, инаку долгогодишен тренер на Црвена звезда, со Ракометниот сојуз на Србија договорил четири годишна соработка.
„Божидар Ѓурковиќ, првиот човек на националниот Сојуз, рекол дека има целосна доверба во новиот селектор и дека екипата има перспектива.
„На почеток сме. Екипата што играше бараж со Португалија, со уште некои играчи, како и оние помлади (кадети и јуниори), има перспектива во наредните четири години. Ненад е компетентен и верувам во него“, рекол Ѓурковиќ.