Top Sport

Пешевски: Свирежите од фановите треба да ни бидат мотивација пред дуелот со Аргентина

Ракометната репрезентација на Македонија и вторпат убедливо загуби (24:34) на Мундијалот во пресметката со Холандија. Пивотменот Жарко Пешевски беше еден од најефикасните во нашиот национален тим, но големата слика на Македонија сепак беше поразителна.

По натпреварот, фановите во Краков им упатија свирежи ма ракометарите, а Пешевски вели дека тоа треба да биде предупредување да се одигра многу подобро против Аргентина.

„Знаевме како игра Холандија и мислам дека добро се подготвивме. Но, потоа на натпреварот притисокот си го стори своето. Промашивме неколку зицери и повторно направивме многу технички грешки. Имаше некои добри моменти, но повторно имавме и „црна дупка“ во која противникот ни создаде голема разлика. Свирежи од навивачите треба да ни бидат мотовација во иднина да бидеме подобри. Се надевам дека ќе се подготвиме добро и дека ќе одиграме многу подобро против Аргентина“, изјави Жарко Пешевски по поразот од Холандија.

Scroll to Top