Top Sport

Победата на Словенија во сенка на тешката повреда на Цехте

Словенија ја забележа првата победа во втората фаза на Светското првенство во ракомет. Словенците ја победија ргентина со 34:23. Натпреварот мина во сенка на тешката поведа Нејц Цехте.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер се повреди во седмата минута. Беше во пробив, во обид да постигне гол, доби силен удар во пределот на рбетот. Остана да лежи на теренот, лекарските екипи веднаш интервенираа. Прекинот траеше десетина минути, а Цехте на носилки беше однесен од теренот.

Засега нема никави други информации околу повредата.

Ова е голем удар за Еурофарм Пелистер во пресрет на натпреварите во Лигата на шампионите.

Scroll to Top