Ракометарот на Бутел, 27-годишниот Денис Тот, починал во Клиничкиот центар во Скопје.
Тот вчераутро бил донесен во Клиничкиот центар во бесознание и без видливи траги на насилство.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (7.4.2022) во 4:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, информираа од полицијата.
Тот во Бутел пристигна од Охрид, потекнува од Ѓаково, а во кариерата играл за Адемар Леон, Брук, Пореч и Бјеловар.