Помошникот на Раул Гонзалес од шампионкските години на Вардар, Давид Дејвис Камара, речиси сигурно ќе биде новиот селектор на ракометната репрезентација на Србија, тврдат медиумите во оваа земја.
Србите на почетокот на неделтата останаа без селектор откако по дебаклот на Европското првенство од функцијата се повлече Ненад Перуничиќ.
Дејвис бил фаворит кај челниците на Ракометниот сојуз на Србија Божидар Ѓурковиќ и Драган Шкрбиќ.
Дејвис самостојната тренерска кариера ја започна по заминувањето од Вардар, најпрвин како селектор на Русија, а потоа работеше и во Египет.
Шпанецот е актуелен тренер на Веспрем во чии редови играат Петар Ненадиќ и голманот Владимир Цупара.
Помали шанси од Дејвис, според српските медиуми имале неговите сонародници Антонио Карлос Ортега кој е тренер на Хановер и неговиот долгогодишен помошник Чави Сабате.
Србите шпекулираат со уште едно име она на Раул Гонзалес, но са него потенцираат дека како тренер на ПСЖ е „невозможна мисија“.
Доколку Србите се договорат со Дејвис, тој е биде првиот селектор-странец на кормилото на националниот тим.