Top Sport

Постигнал повеќе голови од целиот тим на противникот

Ракометарите на Висла, во домашното првенство, во рамките на 22 коло го победија Тарнов со 32:16. Еден обичен првенствен дуел што заврши со победа на фаворитот сепак влезе во историјата на полскиот ракомет.

Мечот историски го направи 27 годишниот Михал Дашек. Десното крило постави нов рекорд во Полска според бројот на постигнати голови на еден натпревар.

Дашек постигна повеќе голови од целиот тим на Тарнов. Сѐ што шута репрезентативецот на Полска заврши во голот на Таров. Од игра реализицијата му била 14/14, а успешн реализирал четири удари од седум метри.

Дашек за еден гол го поправил претходниот рекорд на Арадиуш Морит.

Scroll to Top